Крадци од Прилеп, од кои двајца се малолетници oграбиле златара и две продавници

Лишени од слобода крадци во Прилеп поради извршени три тешки кражби.

Како што информираат од МВР, вчера (17.10.2025) во 19:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(29) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница на подрачје на Прилеп.

Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од КЗ „тешка кражба“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: