Крадци украле уште една бронзена биста од скопски гробишта

Откако деновиве беа украдени три бронзени бисти од Градските гробишта Бутел, до полицијата повторно стигнала пријава за кражба на биста, овој пат од гробиштата во Ѓорче Петров.

– На 16.04.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје, С.А.М.(47) од Скопје пријавила дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: