“Кралица на есента”, а еве зошто секогаш треба да ја имате при рака

Јаболкото содржи и до 40 отсто витамин Ц, како и витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо.
Овој плод е богат со полифеноли кои имаат моќно антиоксидативно дејство. Општо е познато дека барем едно јаболко дневно допринесува за општото здравје.
Јаболката најчесто се јадат сирови, но и се печат, готват, сушат, преработуваат во сокови, мармелади, џемови и желеа, а исто така се користат и во производство на јаболков оцет. Просечно, плодот се состои од 82 отсто вода, 12 отсто јаглехидрати, околу еден отсто масти и протеини и целулоза во исто толкава количина.


Јаболкото е корисно:
Во борбата против надуеност и дигестивни проблеми – три пати дневно консумирајте по едно кисело јаболко со средна големина, час до два пред или по јадењето.
Против дијареја – консумирајте изрендано јаболко или компот. Особено се препорачува користење на кисели јаболка, а пред да почнете да ги јадете, оставете ги малку на воздух да потемнат.
За подобра дигестија – редовно консумирајте печени или варени јаболка или компот од јаболко, особено во зимскиот период. Се препорачува по појадокот и вечерата да консумирате по две свежи јаболка.
Бидејќи е калориски сиромашен (100 гр. јаболка содржат околу 40 калории), овој плод е добар избор и кога станува збор за редукциските диети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.