Кога утрово во 7 часот отидов на работа во мојата цвеќарница, пред вратата ме чекаше еден војник во униформа. Цвеќарницата му била попат до аеродромот, од каде што требало да замине во Авганистан на едногодишна мисија.
Ми рече: „Секој петок ѝ носам букет цвеќиња на сопругата и не сакам тоа да ѝ фали додека сум отсутен“. Порача 52 букети кои треба да ѝ ги испраќаме на неговата сопруга во петок попладне, секоја недела додека тој се врати дома. Тоа ме воодушеви и му дадов 50% попуст.