Немаштијата знае да биде повеќе од тешка и неподнослива. Еве затоа за вас една сосема кратка приказна која нема да ви одземе повеќе од една минута, а гарантираме дека ќе ве расположи.
– Денеска јас и мојот сопруг славиме десетгодишнина од бракот, но поради тоа што и двајцата сме невработени се договоривме да не си разменуваме подароци.
Кога се разбудив утрово, тој веќе не беше во кревет.
Станав и видов прекрасни полски цвеќиња преубаво аранжирани низ целата куќа.
Сигурно имаше повеќе од 400 цвеќиња во куќата, а тој не потрошил ниту денар.