Не сите луѓе се подеднакво решителни, брзи или отворени кога ќе одлучат да заминат од животот на другиот, па така голем дел луѓе ќе го натераат партнерот да ги остави бидејќи немаат доволно храброст во лице да му признаат што чувствуваат или не чувствуваат за него. Сепак, прекинувањето на врската може да не насети:
– Честите караници и се послабата заинтересованост за секс се најчестиот аларм дека нешто не е во ред.
– Преобразувањето во весела личност која тргнува во нови проекти, има ново хоби или се одлучува за радикално вежбање и нега на телото може да биде показател дека постои желба за промени и заминување од старата врска во нешто ново.
– Љубезноста на партнерот, поради грижата на совест која ја чувствува е уште една увертира за крај, но и ова расположение не трае вечно.
– Игнорирањето и избегнувањето на заедничките средби е одличен знак дека нешто не е во ред и дека веројатно партнерот сака прекинување на врската.
– Лажењето без причина упатува на недостиг од почит или страв од реакцијата на партерот. Малите лаги укажуваат на големи проблеми во врската.
– Постојани критики – од фризурата до начинот на кој чекори или зборува, а кои порано не биле тема на разговор, само се одраз дека во врската нешто не функционира.