Украинскиот конфликт ќе заврши најдоцна во февруари, со оглед на слабата поддршка на Западот, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон во интервју за „Judging Freedom“.
- Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
- Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
- Австрискиот канцелар поднесе оставка
- Грција ќе ги заостри казните за точење алкохол на малолетници и пушење на отворен простор
- Ердоган излезе со нова стратегија: Времето ќе покаже дека донесов вистинска одлука
Прашањето е колку брзо тоа ќе стигне до американските неоконзервативци, кои се „надвор од реалноста“ и не знаат како да ги признаат своите грешки. Тие се убедени дека имаат некаква „света мисија“ да ги глорифицираат САД и да се обидат да ги елиминираат Русија и Кина, рече Џонсон.
Колку Украина ја загуби војната со Русија? И колку време ќе биде потребно додека администрацијата на Бајден не ги сфати своите колосални грешки? Лери Џонсон, поранешен аналитичар на ЦИА, одговори на ова прашање.
- Сепак, што се однесува до неоконзервативците, тие луѓе никогаш нема да се откажат. Можете да ги набиете голи во пустина, да ги полиете со бензин, да ги запалите, а тие сепак ќе речат: Нема оган! Воопшто не ни е жешко! Гледате, тие едноставно се исклучени од реалноста. И тие се апсолутно убедени дека имаат некаква света мисија, чие исполнување бара САД да доминираат со светот, а Русија и Кина да исчезнат. Тие никогаш нема да се откажат.