КРАЈ? Втората најпопуларна партија во Германија бара распуштање на Европската Унија

Десничарската партија „Алтернатива за Германија“ се залагаше за распуштање на Европската унија и создавање нова економска заедница, се наведува во нацрт-партиската програма пред изборите за Европскиот парламент, а пренесува „Велт“.

жВо документот се наведува дека трпението на партијата со Европската унија е при крај.

„Затоа се стремиме кон контролирано распуштање на Европската унија и создавање на нова европска економска заедница на нејзино место во согласност со интересите на сојузот на европските народи“, се наведува во нацртот.

Како што беше претходно најавено, анкетите на јавното мислење покажаа дека ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ е втора најпопуларна партија во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.