Крај на војната? „Инсистиравме… подготвени сме“

Турција потврди дека е подготвена да им даде максимална поддршка на Русија и Украина со цел што поскоро да се стави крај на војната.

Ова денеска го соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Соопштението доаѓа по консултациите што ги одржаа во Истанбул рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин и неговиот турски колега Седат Онал.

„Инсистиравме дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро и нагласивме дека е неопходно продолжување на преговорите за да се најде праведно и одржливо решение. Потврдивме дека сме подготвени да обезбедиме максимална можна поддршка на сите страни“, рече Турското Министерство за надворешни работи.


Пронајдете не на следниве мрежи: