Крај на ерата евтини летови: Kога авионите ќе полетаат, патниците ќе ги чека непријатно изненадување

Поради придржувањето на мерките за социјално дистанцирање, околу една третина од местата во авионите во текот на летот би требало да останат празни, а тие губитоци за авио-компаниите би можеле да се надополнат со зголемување на цената на авионските карти за дури 50 отсто.
Коронавирусот ги приземји авионите во поголемиот дел од светот, а невозможно е да знаеме кога би можело да се очекува истите да почнат да функционираат.
Доколку е вистина тоа што поголемиот дел од експертите и епидемиолозите го зборуваат, нашите животи во кои сега доминираат зборовите социјална дистанца, хигиена на рацете, дезинфекција и други, нема да се вратат во нормала во скоро време…
Можеби сето ова целосно ќе заврши за една година, а дотогаш треба да се задоволиме со попуштањето на рестриктивните мерки и делумната нормализација на нашите животи, па да се надеваме дека со тоа ќе се врати и авио-сообраќајот во функција.


Но, оние кои што размислуваат за купување на авионски карти, кога ситуацијата ќе се смири, очигледно дека ги чека непријатно изненадување – цената на картите.
Имено, поради одржување на физичкото растојание помеѓу луѓето, во авионите голем број седишта ќе останат празни.
„Наметнувањето на физичката дистанца во комерцијалните летови означува крај на евтините летови“ – смета генералниот директор на Меѓународното здружение за авио превоз, Александар де Јуниац.
За авионите со два реда од по три седишта во еден ред, тоа значи дека секое место на средината треба да биде празно, значи една третина од вкупниот број седишта треба да бидат празни. Во таквото сценарио, доколку продавате авионска карта по просечна цена како и претходно, ќе изгубите голема количина пари, што е неодржливо за сите авионски компании, а особено се однесува на „low-cost“ превозниците.
Јуниац смета дека решението е цената на авионските карти да биде за 50 отсто повисока за да биде возможно компанијата да оствари минимален профит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.