Крањец: Словенија не е како Кипар, нема да бара помош однадвор

Гувернерот на словенечката централна банка Марко Крањец изјави за Reuters дека е сосема сигурен дека во Словенија нема да се повтори случајот на Кипар, кој настојува да постигне договор за помош со меѓународните кредитори за да отстрани банкрот.

Банките во Словенија имаат приближно седум милијарди евра лоши заеми, што отприлика е 20 отсто од словенечкиот бруто домашен производ наведува Reuters. Тој податок ги поттикнува шпекулациите дека Словенија може да биде приморана да го следи примерот на останатите ранливи членки на еврозоната и да побара меѓународна помош.Гувернерот Крањец за Reuters потврдно одговори на прашањето дали може Словенија да избегне ситуација во која ќе биде принудена да бара помош.„Сосема сум сигурен дека ние  Словенија) нема да бидеме во таква ситуација (Кипар)“, изјави Крањец кој воедно е член на управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ).„Активата на кипарскиот банкарски сектор осум пати е поголема од кипарскиот БДП, а тоа покажува дека толку сериозна ситуација не може да се случи во Словенија“, додаде Крањец.
Макфакс
Гувернерот на словенечката централна банка Марко Крањец изјави за Reuters дека е сосема сигуре

Пронајдете не на следниве мрежи: