КРВАВА ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Тројца мртви, меѓу нив и дете – вооружен маж убивал роднини, па се самоубил

– Страв и паника ја потресоа прилепската јавност синојка, откако се случи трагедија со три човечки жртви, меѓу кои и едно малолетно дете.Според неофицијални информации, вооружен маж – кој наводно бил вујко на една од жртвите – влегол во домот на своето семејство во населбата Точила и отворил оган. Во нападот животот го загубиле двајца члена од неговото потесно семејство, а меѓу нив, според извори, и дете. По злосторството, напаѓачот извршил самоубиство.Очевидци сведочат дека околу 15:00 часот започнало крвопролевањето, а доцна вечерта – полицијата била повикана на лице место, каде што се соочила со сериозна закана. Напаѓачот бил тешко вооружен, наводно фрлал и експлозивна направа (бомба), пукал кон полициски службеници, и подолго време ги држел во заложништво останатите членови од семејството.По повеќечасовна драма, специјалните полициски единици го неутрализирале напаѓачот, кој според првични информации, сам си го одзел животот.На местото на инцидентот е извршен увид, а се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со официјално соопштение и детали за мотивите зад трагедијата.Ова е еден од најтешките семејни инциденти во Прилеп во последните години, кој уште еднаш ја отвора темата за психичкото здравје, семејното насилство и пристапот до оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: