КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО ХОЛИВУД КАЈ ПАТЕКАТА НА славните: Едно лице загина, а двајца се ранети

Во вооружен напад во близина на Булеварот на славните во Холивуд, денеска е убиен еден маж, а други двајца се ранети, соопшти полицијата.

Вооружениот напаѓач отворил оган додека мажите ја напуштале зградата во 1.20 часот, а потоа избегале со возило.

Еден маж починал на местото на настанот, а други двајца се пренесени во болница, соопшти полицијата во Лос Анџелес.

Нападот се случил во прометна област, изјави полицискиот детектив Шон Кинчла.

„Холивуд е многу зафатено место, особено ноќе. Имате клубови, рестораните се отворени и имаше многу луѓе наоколу“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: