КРВНА ОДМАЗДА НА РУСИЈА! Експлозии низ цела Украина, нема да го простат киднапирањето на авионот!

Руските вооружени сили го нападнаа украинскиот воено-разузнавачки центар во Бровари, во Киевската област, и аеродромот Староконстантинов во Хмелничката област, соопшти денес Центарот за односи со јавноста на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Според соопштението на ФСБ, нападите биле извршени со хиперсонични ракети „Кинжал“ како одговор на наводниот обид на украинската разузнавачка служба да киднапира руски ловец МиГ-31, објави Интерфакс.

ФСБ изјави дека целта на украинската операција била да се регрутира руски пилот и навигатор, со ветување за парична награда и државјанство, со цел ловецот да биде префрлен во воздухопловна база на НАТО во Романија.

Руските власти тврдат дека ја спречиле оваа операција.

Независна потврда за горенаведените настани од други извори досега не е објавена.

Според руската служба, Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина се обидела да регрутира руски пилоти, ветувајќи им три милиони долари за да киднапираат руски авион, јави утрово ТАСС.

Според тврдењата на ФСБ, Украинците потоа планирале да го насочат киднапираниот МиГ-31 кон базата на НАТО во Констанца, Романија, каде што би можел да биде соборен од системите за воздушна одбрана, со што би создале провокација.

Руската разузнавачка служба објави дека „преземените мерки ги попречиле плановите на украинските и британските разузнавачки служби за организирање провокација од големи размери“, според руската агенција.
The post КРВНА ОДМАЗДА НА РУСИЈА! Експлозии низ цела Украина, нема да го простат киднапирањето на авионот! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: