КРЕМАСТА МИМОЗА САЛАТА: Врвно предјадење кое ќе ја украси секоја свечена трпеза

Потребно е:
5 компири
4 јајца
200 гр шунка
300 гр сирење
2 чаши кисела павлака
100 гр мајонез
Подготовка:
Компирите сварете ги во кора, изладете ги и излупете ги. Сварете ги јајцата, а потоа изладете ги и излупете ги (овој рецепт е одличен да ги искористите и преостанатите јајца од Велигден). Направете прелив за салата: измешајте павлака и мајонез, а потоа посолете по вкус. Премачкајте го дното на проѕирен сад со преливот. Компирите изрендајте ги, па премачкајте ги со преливот. Преку неа изрендајте ја шунката и премачкајте ја со преливот. Вареното јајце изрендајте го, па додајте го преливот. Преку него изрендајте го сирењето. Повторете го процесот. Преостанатото сирење изрендајте го над салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи: