Кремаста пилешка салата

Потребни состојки:
300 г пилешко бело месо
250 г паста по избор
1 голем морков
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
2 варени јајца
100 г пченка
Малку праз
Лажица сенф
100 г мајонез
250 г кисела павлака
Сол
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода, исцедете и оставете да се изладат. Сварете го пилешкото месо, а откако ќе се излади исечете го на коцки. Сварете ги морковот и пченката, па исечкајте го морковот на коцки. Сварете ги јајцата и исечкајте ги на коцки. Исечкајте ги пиперките и празот. Ставете сè во еден сад, а потоа додајте мајонез, павлака и сенф. Посолете и промешајте. Ставете во фрижидер да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.