Брз и едноставен десерт е идеален за студените зимски денови – чоколаден мус со тиква, кој можете да го подготвите за миг, а уживањето во него не бара многу време ниту труд.
Кремаст, богат со вкус, овој мус е совршен избор за љубителите на тиква и чоколадо.
Состојки:
1 порција мешавина од тиква (печена и пасирана тиква)
75 г темно чоколадо
1 лажичка кокосово масло
Подготовка:
Растопете го темното чоколадо и додадете една лажичка кокосово масло во пареа или микробранова печка. Откако ќе ја испечете тиквата, изгмечете ја и додадете го растопеното чоколадо, а потоа добро измешајте додека не добиете мазна и кремаста смеса.
Добро измешајте додека не добиете мазна, еднолична смеса. Поделете ја смесата во мали чинии или чаши по желба. Ставете го мусот во фрижидер неколку часа да се олади и стегне.
Доколку сакате, можете да го декорирате десертот со чоколадни трошки, кокос или јаткасти плодови. Уживајте!
The post Кремаст десерт за зимските денови: Направете брз и лесен чоколаден мус со тиква appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



