КРЕМАСТ СЛАДОЛЕД ОД КАПИНИ!

Искористете ја сезоната на капини и направете кремаст сладолед, едноставно уживање за целото семејство. Сладолед од друго овошје може да се подготви на ист начин, а особено интересно ќе изгледа послужено на стапче. Уживајте!
СОСТОЈКИ:
2,5 дл слатка павлака
2 дл кисела павлака
50 гр шеќер во прав
чаша пире од капини (или друго овошје по ваш избор)
ПОДГОТОВКА:
Изматете ја слатката павлака во шлаг, додадете го шеќерот, киселата павлака и на крај испасираното овошје. Промешајте сѐ убаво и замрзнете. Повремено мешајте за да избегнете кристали од мраз. Ако сакате кремаст сладолед, послужете го додека не се стегне целосно. Сладолед од друго овошје може да се подготви на ист начин, а особено интересно ќе изгледа послужено на стапче. Подготвената смеса треба да се истури во мали пластични калапи за сладолед и да се замрзне. Пред сервирање, потопете го калапот кратко во топла вода за полесно да го извадите сладоледот. Додека е сѐ уште замрзнат, истурете неколку лажици стопено чоколадо, вртејќи го стапчето во едната рака. Посипете со сецкани лешници веднаш и почекајте неколку моменти додека глазурата не се стврдне.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.