КРЕМЉ: АМЕРИКАНЦИТЕ ИМААТ МНОГУ РАБОТА, ЈАСНО Е КАКВА! „Не сме запознаени за можното пристигнување на американски пратеници во Киев“

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, изјави дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер би можеле да го посетат Киев по Велигден на 12 април.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Кремљ нема сигурни информации за евентуалното пристигнување на американски претставници во Киев по Велигден, како што беше најавено од Украина, и потврди дека мировните преговори за Украина во моментов се на чекање.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, пред два дена изјави дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер би можеле да го посетат Киев кратко по Велигден на 12 април.

„Не, не сме сигурно информирани дека ова се планира“, рече Песков, објави ТАСС.

Тој додаде дека „во моментов преговорите во Украина се на пауза“, наведувајќи дека е тешко да се соберат во трилатерален формат.

„Што се однесува до процесот на преговори: да, тој моментално е на пауза. Американците имаат многу друга работа, јасно е каква. Во таа смисла, тешко е сега да се соберат во трилатерален формат“, рече Песков.

Тој рече дека Русија и Украина одделно ги продолжуваат контактите со САД и разменуваат мислења со нив преку свои канали.
The post КРЕМЉ: АМЕРИКАНЦИТЕ ИМААТ МНОГУ РАБОТА, ЈАСНО Е КАКВА! „Не сме запознаени за можното пристигнување на американски пратеници во Киев“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: