Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја исклучи можноста рускиот лидер Владимир Путин да разговара со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пред неговата инаугурација.
„Тоа не е на одмет. Трамп рече дека ќе му се јави на Путин пред инаугурацијата. Тоа се негови зборови, немаме што друго да објавиме на таа тема засега“, додаде тој.
Портпаролот исто така додаде дека Москва не контактирала со штабот на Трамп.
Песков не сакаше да коментира ниту дали Русија ќе има свој претставник на церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател.
„Во моментов не ни знаеме на кого ќе му се јават. Тоа не е прашање за нас“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање.
Покрај тоа, портпаролот на Кремљ изјави дека Путин не планира телефонски разговор со американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден.