Кремљ смета дека е кражба трансферот на една милијарда долари во Украина од замрзнатите руски средства

– Трансферот на една милијарда долари во Украина, добиена од приходите на руските средства замрзнати од Запад, може да доведе до идни правни постапки бидејќи тоа претставува кражба, изјави денес портпаролот на Кремљ.„Овие пари ни беа украдени, а блокирањето на нашите средства е апсолутно незаконско, кршејќи ги сите норми и правила“, рече Песков на брифингот со новинарите во Москва.Тој изјави дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги брани своите права и да го врати својот имот.Украинскиот премиер Денис Шмихал денес објави дека Киев добил една милијарда долари како прва рата од замрзнатите руски средства, во рамките на иницијативата на Г-7.Шмихал истакна дека ова е дел од планираната распределба од 20 милијарди долари, при што 50 милијарди долари вкупни заеми ќе се сервисираат со користење на идните приходи од замрзнатите суверени средства на Русија, во согласност со октомврискиот договор на Г-7.САД ветија 20 милијарди долари, а 30 милијарди долари ќе бидат од Г-7 и ЕУ, рече тој.Многу западни земји ги замрзнаа средствата на руската централна банка на нивните територии по војната на Москва против Украина во 2022 година. Замрзнатиот имот изнесува околу 300 милијарди долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: