Кривична пријава за возачот на Палчо!

Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.

Јованка Тренчевска избрана за претседателка на Клубот на пратенички
Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јованка Тренчевска за претседателка, по …
Македонија со значително подобрување на економскиот сентимент во 2024 година
Македонија е меѓу земјите кои во 2024 година бележат најголемо подобрување на економскиот сентимент, според најновите податоци на Европската комисија. Индексот за економско расположение кој го одредува Генералниот директорат за економски и финансиски …

Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.