Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на ВучиќПотпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ,… Read more: Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гасШефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно… Read more: Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас
- Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказПартијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека арапските партии… Read more: Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказ
- Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и ЗеленскиАмериканскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро ќе се одржи средба… Read more: Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
- Ноќно бегство под закрила на темнина: Како Флавио Болсонаро избега во САД преку Аргентина и ЕквадорФлавио Болсонаро, поразениот кандидат на претседателските избори во Бразил, избега од… Read more: Ноќно бегство под закрила на темнина: Како Флавио Болсонаро избега во САД преку Аргентина и Еквадор
Исто така, пријавениот, за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации.
Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



