Кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и уште четири лица кои се сомничат за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“.
Кривичната пријава за несовесно работење во службата е поднесена против Костадинов и уште две лица со иницијали С.Р. и С.О. додека пријавената М.Т: за злоупотреба на службената положба и овластување, а лицето Ѓ.М: за бесправно градење.
МВР соопшти дека М.Т. вработена како советник – урбанистички аналитичар во Секторот за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица, ги пречекорила границите на своите службени овластувања така што постапувајќи спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба, изготвила одобрение за реконструкција.
Пријавената С.Р. раководител во Секторот за урбанизам комунални работи го одобрила предметното одобрение за реконструкција иако знаела, односно морала да знае дека не се работи за реконструкција туку за изградба на сосема нов објект на место каде што согласно деталниот урбанистички план не е предвидена изградба на објект.
Градоначалникот Костадинов пропуштил должен надзор во постапката и го потпишал изготвеното одобрение за реконструкција, а Ѓ.М. без да чека правосилно завршување на постапката по предметното барање за реконструкција, започнал со градба на сопствена одговорност и ризик и изградил нов објект од втора категорија.
Пријавената С.О. како градежен инспектор наместо да констатира кривично дело кое се гони по службена должност, констатирала дека се работи за прекршок од Законот за градење, иако согласно документите кои ги извела како доказ во постапката на инспекцискиот надзор морала да знае дека не се работи за реконструкција на постоечки објект, туку за изградба на сосема нов објект.
The post Кривична пријава за Костадин Костадинов и уште четири лица за бесправно градење и несовесно работење appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



