СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “.
При контрола на патнички автомобил што тој го управувал, извршена во близина на кичевското село Колари, како и при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш.