На 19-ти овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис.
Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Скопје, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
На 19-ти овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис.
По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.
Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведе дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.