Кривична пријава за четворица малолетници, за напад врз врсник кој бил избоден со нож

Четворица малолетни жители на Скопје добија кривична пријава поради тоа што му се нафрлиле на врсник, а еден од нив го ранил со убод од нож, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 29.07.2024 на ул.„Кемал Сејфула”, пријавените физички нападнале малолетник од Скопје, при што еден од нив со нож му нанел убодна рана“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: