Бошњачкиот демократски сојуз како политичка партија и Бошњачкиот национален сојуз како здружение на бошњачки невладини организации во својство на подносители на кривична пријава против Иван Стоилковиќ за кривично дело Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства чл.407-а ст.2 и ст.4 а в.в.403 од КЗ поднесоа писмена УРГЕНЦИЈА до Основното јавно обвинителство Скопје за што побрзо превземање на дејствија во насока на водење ефикасна кривична постапка за да може да се утврди вина на пријавениот.
Имено, Иван Стоилковиќ во април 2024 година по повод од одлуката на Република Северна Македонија да биде коспонзор на Резолуцијата за Сребреница во ОН, геноцидот во Сребреница го нарече „Некрофилски дизниленд“.
Со оглед на тоа дека се поминати седум месеци од поднесувањето на кривичната пријава, подносителите на истата доставија писмена ургенција со надеж да Основното јавно обвинителство во разумен рок да извести за текот на кривичната пријава.
Освен што е важно да се запазат роковите и почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка, оваа кривична пријава е од јавен интерес бидејќи пријавениот Иван Стоилковиќ е носител на висока јавна функција и тоа: Заменик премиер, министер за односи меѓу заедниците во Владата на Република Северна Македонија и претседател на политичка партија, а со оглед на природата на кривичното дело за кое се пријавува, морално етички и секако е несполиво да пријавениот е министер на ресор за односи меѓу заедниците а друга страна грубо и навредливо да негира.