Кривична пријава против Зоран Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска до Јавното обвинителство поднесе кривичната пријава против премиерот Зоран Заев за поткуп при избори за изјава на јавен митинг во Крива Паланка.Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик
.-Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Димитар Димовски, КОДОШОТ односно соработникот на тајната полиција со кодно име ГЛУМЕЦ член на Извршниот комитет на партијата пред обвинителсвото рече дека во склоп на кривичната пријава доставиле и видео материјал.-На видеото се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп,  се слуша дека признава, еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум.
Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев, рече Димовски.Димовски од ЈО побара да каже до каде е постапката по кривичната пријава што на 5  јули од ВМРО ДПМНЕ е поднесена против Заев, Никола Димитров како министер за надворешни работи, Талат Џафери претседател на Собранието, Артан Груби претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници по 4 основи од Кривичниот законик  за велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.