Кривичниот суд: Пристигнати се вкупно 62 барања за амнестија

„Ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни. Напоменуваме дека рокот за поднесување важи и денеска, а секако дека ќе бидат земени во предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат доставени до судот по пошта“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Кривичниот суд: Пристигнати се вкупно 62 барања за амнестија
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.