Кривични постапки против директор и комисии од Охрид и Струга

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување. Исто така, пријави беа поднесени против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради несовесно работење во службата. Првиот осомничен, во текот на 2023 година, како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје, подружница Охрид, по распишан конкурс за вработување на неопределено време, ги потпишал одлуките за избор и вработување на двајца кандидати, иако бил свесен дека не ги исполнуваат целосно законските барања во конкурсот. Преостанатите осомничени, како членови на комисијата за спроведување на постапката за вработување, ги потпишале и одобриле конечните листи на рангирање, иако се знаело дека условите од конкурсот не се целосно исполнети.
The post Кривични постапки против директор и комисии од Охрид и Струга appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: