Против малолетничките кои извршија врсничко насилство во Ѓорче Петров е поднесена кривична пријава, а во текот на утрешниот ден се очеува да биде поднесена кривична пријава и против нивните родители.
– На 29.04.2026 година, Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ, информира Министерстото за внатрешни работи.
Во два одделни настани, на 27 и на 30 март годинава малолетничките физички ја нападнале 13-годишната малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјалните мрежи.
Откако случајот беше обелоденет во јавност, предизвика бурни реакции кај граѓаните.
The post Кривични пријави за децата и родителите по врсничкото насилство во Ѓорче appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



