Дел од грчките синдикати и денеска одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица.
Демонстрантите уште еднаш го изразија нивниот протест за трагедијата пред 12 дена, порачаа дека „криминалот не треба да се заборави“, дека одговорните треба да бидат казнети, но и да се преземат мерки за побезбедни возови.
И овој пат, протестот беше масовен и мирен пред грчкиот Парламент, а по завршувањето се случија мали и изолирани инциденти, кога група маскирани лица се одвои од главниот блок и се судри со полицијата на еден од плоштадите во Атина во моментите додека се движеше кон железничката станица.
Протестите во Атина и другите грчки градови започнаа по несреќата и веќе извесен период континуирано се одржуваат, а за в четврток, закажан е нов генерален штрајк организиран од двата најголеми синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.
Пронајдете не на следниве мрежи: