Кристијано Роналдо пристигна во Торино, полицијата го пречека на аеродром

По повеќе од еден месец „одмор“ во родната Португалија, Кристијано Роналдо доцна синоќа се врати во Италија, каде треба да ги продолжи обврските кон својот клуб Јувентус.
Роналдо беше единствениот ас на шампионот на Серија А кој наместо во карантин во Торино, периодот без фудбал го мина во својот приватен имот во Мадеира. Италијанските власти пред извесен период најавија дека од 18 мај на клубовите ќе им биде дозволено да ги вратат своите фудбалери на тренинзите кои треба да се подготвуваат за продолжување на сезоната.


Португалецот за Торино требаше да се упати уште пред неколку дена, но поради проблемите со шпанските власти кои не дозволуваа неговиот приватен авион да полета од Мадрид, пристигна доцна синоќа и по 14-дневниот карантин ќе им се стави на располагање на тренерот Маурицио Сари.
Јувентус и оваа сезона е најблиску до скудетото, но доколку сака повторно да ја одбрани титулата ќе мора перфектно да ја доигра сезоната, затоа што во врат му дише Лацио, кој играше во фантастична форма пред прекинот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.