КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЈР. ТОЈ ВЕЌЕ ПОТПИША ЗА РЕАЛ! ВО МЕЃУВРЕМЕ ТАТО ЌЕ ИГРА ЗА ПЕТРОДОЛАРИ

Ова е прв пат татко и син да се разделат откако беа заедно во Реал, Јувентус и Ман. Јунајтед

Кристијано Роналдо ќе игра во Саудиска Арабија по заминувањето од Манчестер Јунајтед, каде минатата сезона како повратник на среќното место постигна 24 гола.

Сепак, втората сезона имаше многу помалку среќа, со тоа што Португалецот постигна само три гола во 16 настапи и практично принуди заеднички раскин на договорот по експлозивното интервју со Пирс Морган.

Опцијата за заминување во Саудиска Арабија беше единствена, таму Ал-Наср на Роналдо му даде вистинско мало богатство. Со оглед на недостигот на соодветни понуди од Европа, не би беше чудно дека оваа голема ѕвезда тргна и по своите петродолари.

За тоа време неговиот син ќе остане на европско тло. Кристијано Роналдо Јуниор се врати во академијата на Реал Мадрид само неколку дена откако неговиот татко тренираше со првиот тим на Лос Бланкос по напуштањето на Светското првенство во Катар.

Младиот Роналдо постигна повеќе од 50 гола на 20 натпревари за младинските тимови на Реал пред да му се приклучи на својот славен татко на „Олд Трафорд“.

Враќањето на Роналдо Јуниор во академијата на Реал, ја потврди новинарот Еду Корнаго. Неговиот татко остави длабока трага во Реал Мадрид, од 2009 до 2018 година постигна 450 голови на 438 натпревари…

Инаку, ова ќе биде првпат таткото и синот Роналдо да не бидат во ист клуб, откако заедно беа членови на Реал, Јувентус и Манчестер Јунајтед.


Пронајдете не на следниве мрежи: