Европската куќа на фудбалот на ждребот за новата сезона во Лигата на шампионите ќе му додели специјално признание на Кристијано Роналдо за се што направи низ годините со настапите во Лигата на шампионите.
Признанието на португалскиот ас ќе му го додели лично првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Роналдо во Лигата на шампионите постигна 140 гола со кои е најдобар стрелец, а дури седум сезони завршуваше како најдобар стрелец. Ќе се памети сезоната 2013/2014 во која успеа да постигне дури 17 голови, ниту еден друг фудбалер не постигнал повеќе во една сезона.
Трофејот во најелитното европско натпреварување го освои еднаш со Манчестер Јунајтед (2008 година) и уште четири пати со Реал Мадрид (2014, 2016, 2017 и 2018).