Кристијан Ниневски го фати светиот крст во Скопје

Денес точно на пладне во Скопје 140 граѓани влегоа во студените води на Вардар со надеж дека ќе го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе го фати светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Сепак најсреќен беше дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје. Тој го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје.
Иако веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, Ниневски првпат го фаќа крстот.
– Здравје и среќа за сите, Бог се јави, изјави кратко Ниневски откако го фати крстот.
Од Град Скопје како подарок доби резба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.