Крис Џенер конечно ја искоментира веста за разводот на Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест.
Пред да започне последната сезона на семејното реално шоу во Соединетите држави, Џенер беше интервјуирана во една австралиска програма, каде за прв пат јавно коментираше за разводот на нејзината ќерка.
– Мислам дека никогаш не е вистинско време за тоа и дека би било тешко во секој момент … Знаете дека имаат деца – рече Крис.
– Најубавото нешто во нашето семејство е тоа што секогаш сме тука и се поддржуваме, и се сакаме многу, многу. Значи, сакам само тие двајца да бидат среќни. И сакам нивните деца да бидат среќни. Мислам дека секој од нас сонува за тоа … Ценете ја љубовта и бидете благодарни – истакна популарната мамаџерка.
На прашањето дали гледачите ќе ја видат двојката како се разведува во последната сезона од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“, Џенер ја заинтригира публиката.
– Можеби. Не знам што одлучиле да направат во финалето, бидејќи се уште не сме ја виделе ниту првата емисија. Но, сигурна сум дека ги прават последните промени. Ким сакаше да се позанимава со сопственото семејство. Сигурна сум дека ќе го стори она што треба да го стори – заклучи таа.