Критериумите за преговори не се исполнети

Марија Спираки, пратеничка на Нова Демократија во Грција, изјави дека ПЈРМ, не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите за пристап во Европската Унија.
Спираки го повтори ставот на грчката опозициска партија, “Нова Демократија“, тврдејќи дека тоа е став и на грчкиот народ, додавајќи „дека не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ и јазик”.
-Сакам да им појаснам на луѓето во ПЈРМ дека има голем недостиг од спроведување на реформите. Ние сме тука да ги повикаме властите и политичките партии да продолжат со цел да ги спроведат законите што ги усвоија. Ние ја поддржуваме перспективата на ПЈРМ да биде интегрирана, но сé уште не е подготвена да добие датумот, повтори Марија Спираки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.