“Критичен“ состанок на Тереза Меј со високи министри околу Брегзит

Денес британската премиерка Тереза Меј ќе одржи многу важен состанок со членови на Владата. Тој би можел да ја реши иднината на проблематичниот процес Брегзит и нејзината судбина како премиерка. Меј ќе се сретне со високи министри, од кои некои наводно се обидуваат да ја отстранат од функцијата, за да одлучат за понуда на серија таканаречени “индикативни гласови“ во обид да го прекинат ќор-сокакот околу планираниот излез на Британија од ЕУ.
Индикативните гласови, исто така денес, само подоцна треба да им бидат презентирани на пратениците во Долниот дом за да се утврди поддршката за различни опции на Брегзит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.