Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“ вкупно откажал над 80 отсто од летовите во периодот меѓу 1 и 21 септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник.
Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува порталот „Хрватска авијација“.
Најмногу летови се откажани од Загреб, дури кон 12 дестинации – Амстердам (еден лет), Дубровник-Атина (четири), Брисел (четири), Копенхаген (три), Даблин (два), Лондон Хитроу (четири), Минхен (шест), Париз (четири), Сплит-Дубровник-Рим (пет), Сараево (шест), Скопје (три) и Виена (четири лета).
Откажани се и линиите од Сплит до Франкфурт (еден лет), Виена (седум) и Цирих (два), а од Дубровник четири лета за Атина, еден за Франкфурт, три за Париз и седум за Цирих, пренесува порталот Индекс.хр.