Крокодилот на Lacoste исчезна?

Крокодилот кој долги години наназад бешезаштитно лого на познатиот бренд Lacoste овојпат, им го препушти своето место на други животни, од загрозен вид.
Благодарение на соработката на брендот и Меѓународната унија за зачувување на природата, компанијата создаде нови поло маички со лого од загрозени животни и тоа – колку маички има со тоа животно, толку животни од тој вид има останато на земјата.


Со купување на една од овие маички, им помагате на Меѓународната унија и компанијата во борбата за зачувување на дивите животни ширум светот.


На познатите поло маички, дизајнерите на брендот сместија див тигар како лого, папагал, носорог, калифорниска морска свиња и уште некои други. Ова е прв пат компанијата да го промени познатиот логотип, а во последната колекција прикажана на париската модна недела, дизајнерите прикажаа и панталони, јакни и маички со принтови од десетте најзагрозени животински видови во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.