Крокодил уби девојче (5) во Индонезија додека таа со родителите пливала во езеро. Родителите се обиделе да стигнат до нивната ќерка за да ја спасат, но крокодилот ја грабнал од брегот и ја одвлекол во езерото.Трагедијата се случила на езеро кое настанало од поранешна рударска јама, која се наоѓа во близина на нивната семејна куќа.Локалната полиција, спасувачите и селаните тргнале со гумени чамци и со часови пловеле по водата во потрага по исчезнатото девојче.Жителите фрлиле мрежа и пронашле крокодил за кој се верувало дека е тој што го грабнал девојчето, но кога го убиле и го отвориле, не ги нашле нејзините останки во стомакот.Страшната потрага заврши во неделата рано наутро откако нејзиното тело се појави недалеку од местото каде што беше нападната. Нејзиниот череп бил смачкан од устата на крокодилот, соопшти полицијата.– Телото е пронајдено во 5 часот и 20 минути, екипата веднаш го подигна нејзиното тело и го однесе во погребалното претпријатие. Со пронаоѓањето на телото на жртвата операцијата е завршена – изјави шефот на спасувачката екипа.– Оваа трагедија е поука за луѓето да бидат повнимателни кога вршат активности во езерата и реките, како и поранешните каменоломи и рудници полни со вода – изјави локалниот шериф.
Girl, 5, killed by crocodile while washing in a lake with her parents https://t.co/QhmWpylhAZ— Metro (@MetroUK) January 13, 2025
Индонезискиот архипелаг е дом на 14 видови крокодили.Експертите веруваат дека крокодилите се доближуваат до селата поради прекумерен лов, со што се намалува природната храна на крокодилите, но и поради претворањето на крајбрежните области во фарми.Како што локалното население се развива, тие сè уште ги користат реките за капење и примитивен риболов, смртоносна комбинација на фактори што доведе до зголемување на нападите од крокодили.По смртта на девојчето, властите повикаа на зголемена владина акција за борба против опасноста што ја претставуваат крокодилите.