Крсто Мукоски ќе се брани од слобода

Од денес и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор, е пуштен да се брани од слобода.
Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денес достави решение со кое ја уважил жалбата на Крсто Мукоски, обвинет во предметот поврзан со настаните од 27 април 2018. година во Собранието на РМ со кое ја уважил жалбата изјавена против решението на Кривичниот совет.
Судот ја укинал мерката куќен притвор и му определил на Мукоски мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга, соопшти Судот.
Претходно од куќен притвор беа ослободени Сашо Василевски и  Љубен Арнаудов, па сега за насилствата на 27 април во притвор нема ниту еден обвинет пратеник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.