„Кртот“ околу истрагата за Државна лотарија не е од Обвинителството, тврди Коцевски

Кртот кој им помага на осомничени да бегаат не е во Обвинителството, вели републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Во интервју за РСЕ, Коцевски вели оти не знае каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, но, оти е во тек истрага. Се проверуваат пропустите на полициските службеници. Се прегледуваат снимки од видеокамерите и се сослушуваат сведоци за да се соберат докази за кривичната пријава што ја поднесе МВР.

-Во однос на соработката со МВР таа беше добра за тоа што неколку пати имаше средби меѓу ЈО кој го води предметот и полициските службеници од МВР, се даваа насоки, се укажуваше на одредени дејствија кои евентуално треба да се прибават така што се водеше предистражна постапка и во текот на таа предистрага ЈО даде наредба за мерката стоп, што значи дека во тој момент ЈО не можеше да даде друга евентуална наредба за построга мерка со оглед дека се уште беше во фаза на предистражна постапка, кажа Коцевски.

Јавниот обвинител не очекува да биде разрешен, иако, премиерот Христијан Мицкоски изминатиов период имаше серија забелешки и критики за институцијата којашто ја предводи. За позитивното мислење за амнестија на организаторите на настаните од 27-ми април, Коцевски вели оти не било дадено под притисок. Не знае дали тоа ќе биде случај и со екс-премиерот Груевски ако побара амнестија.

Пронајдете не на следниве мрежи: