ХАВАНА – Кубанците ќе можат да патуваат во странство од понеделник бидејќи на сила стапува реформата за миграциониот закон кој го донесе претседателот Раул Кастро, а граѓаните нeстрпливо го очекуваа.
“Од 14 јануари 2013, сите личности постари од 18 години ќе можат да патуваат”, изјавил за кубанската телевизија Lamberto Fraga, офицер од миграциската служба. Законот ќе го подобри статусот на два милиони Кубанци кои живеат во странство, од кои 80% во Америка, Флорида, ама и за спортистите и уметниците кои гостувањата во странство ги искористиле како бегство.
Од 60-те, Кубанците кои сакаат да го напуштат островот, можеле само да побараат “бела карта” и да достават гарантно писмо од местото каде што сакале да престојуваат најмногу 11 месеци и под услов имотот да им биде запленет и да им биде забрането повторно враќање во земјата.
Според новиот закон во странство ќе можат да престојуваат дури 24 месеци. Реформите на Раул Кастро во последните години донесоа поголема слобода во приватниот сектор и тој им дозволи на Кубанците купување на возила и куќи, поседување на мобилен телефон и можност за престој во хотел.
Последните 30 години, повеќе од 30 врвни спортисти побараа азил додека гостуваа во странство, меѓу нив е и боксерскиот првак Guillermo Rigondeaux. Истотака и лекарите ќе можат да патуваат без проблем.ХАВАНА – Кубанците ќе можат да патуваат во странство од понеделник бидејќи на сила стапува реформата за миграциониот закон кој го донесе прет