Кувајтски политичар осуден поради навреди на емирот

Истакнат кувајтски опозициски политичар е осуден во понеделникот на пет години затвор затоа што го навредил челникот на земјата, соопшти за Reuters неговиот адвокат.

 Судот во Кувајт го прогласил Мусалам ал-Барак, поранешен член на парламентот, виновен за навреда на шеикот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах во неговиот говор во октомври 2012 година во кој го повикал емирот да го избегне „автократското владеење”.
Иако Кувајт ги избегна масовните продемократски безредија кој се случија во другите арапски земји со кои беа урнати автократските децениски режими, сепак зголемени се тензиите меѓу поранешните членови на парламентот и владата во којашто доминира семејството ал-Сабах.
Адвокатот Мусалам ал-Барак, Мохамед Абдулкадер ал-Јасем изјавил дека одбраната разгледува вложување на жалба на пресудата којашто ја донел кривичниот суд.
Приврзаниците на ал-Барак, пак, размислуваат да организираат протестен марш подоцна во понеделник за да го изразат својот протест против судската одлука, објавиле кувајтските активисти на Twitter.
Makфакс
Истакнат кувајтски опозициски политичар е осуден во понеделникот на пет години затвор затоа што го навредил челникот н

Пронајдете не на следниве мрежи: