Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ. Прогрес имаме во 81% од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност, соопшти на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додаде:
- Невреме со силен ветер и грмотевици
- Чешка: Десничарите-популисти на милијардерот Бабиш ја потврдија изборната победа
- Петдневна жалост во Иран по убиството на Насрала
- Сообраќајка меѓу тинејџер со автомобил и 72 годишник со електричен тротинет
- Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
- Сообраќајка на патот Тетово-Скопје, едно лице починало на лице место
- Ја убил сопругата, со недели спиел покрај нејзиното тело и ги лажел соседите дека е жива
- Насралах беше централен мотор на иранската оска на злото – порача Нетанјаху по смртта на лидерот на Хезболах и потврди оти Израел стои зад убиството
- „Пацифичка ракетна криза“: Американскиот систем „Тајфон“ нишани кон Кина од Филипините
-Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност”, константa која е факт неколку години наназад. За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок.
ЕК посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица. Поразително за ДПМНЕ е тоа што во овој Извештај на ЕК стои дека „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок” (страна 10 од Извештајот).
Освен Извештајот, многу значајно за нас е објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан од страна на ЕУ. За прв пат имаме резервирани пари за реформите, од кои 1 милијарда евра се на располагање за Македонија. Сега може да користиме привилегии и можности од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите. Како што баравме.
До април 2024 година целта е да се направи прв трансфер на пари. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега. Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.