Кулеба смета дека Украина ги исполнува сите критериуми за членство во НАТО

Украина ги исполнува главните критериуми за членство во НАТО, вели украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба. 

Амбасадорката на САД во НАТО Џулијан Смит минатиот месец изјави дека не очекува Алијансата да упати покана до Украина за членство на претстојниот самит.

„Сметаме дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство, а тоа е способноста да ги брани границите на НАТО. Ова го правиме бранејќи ја Украина. Работиме напорно за да постигнеме силен и далекусежен чекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, вели Кулеба.

Русија е против тоа Украина да влезе во НАТО. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 

Пронајдете не на следниве мрежи: