Кулинарско шоу со јадење во кои е користен тутун во Хавана

-На гостите на петнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на пурата, кој се одржува во кубанската престолнина Хавана, им беше понудена риба печена во листови тутун, како и сол, леб, сосови, пијалаци, па дури и сладолед, во кои една од состојките е тутунот.Кулинарското шоу со дегустација на вкусни јадења приготвени со употреба на тутун, се одржа во четвртокот во Конгресната палата во Хавана. Гостите на XV Меѓународен фестивал на пурата, можеа да пробаат риби печени во листови од тутун, како и други прехранбени продукти, како сол, леб, сосови, пијалаци и сладолед, во кои една од состојките е тутунот. Хрватските готвачи Гргур Баксич, Зоран Симуниќ и Пантелија Пекиќ на сцената во конференциската сала ги демонстрираа сите тајни на „високата кујна со чад и никотин“ од најдобрите и најскапи пури во светот – Habanos.„Не знам зошто, но тутунот порано не се користел во готвењето. Шоуто што се одржа во Хавана, е првото такво. Месен бифтек или рибно филе маринирани со медот од листот во кој се завиткува пурата, во процесот на подготовка, стануваат неповторлив и прекрасен вкус“, изјави за РИА Новости хрватскиот готвач Гргур Баксиќ.Според него, таквите егзотични јадења наскоро ќе влезат во постојаните менија на рестораните на Куба, чијашто своевидна „легитимација“ е пурата. Хрватскиот готвач додава дека тој е „фанатик“ на Habanos пурите и последните две години заедно со колегите работеле на десетици рецепти во кои како компонента на оброкот се употребува тутунот.„Ми се допадна путерот од пура и салатата од ананас натопена во тутунов лист. Имав чувство како да сум пушел Habano“, вели за своите впечатоци на сопственикот на московскиот клуб Куќа на кубанските пури, Владимир Сушков. Според него, неговите колеги ресторатери во Русија се заинтересирани за ваквото тутунско кулинарство.Широкиот избор на јадења од тутун ќе биде презентиран на завршната фестивалска гала вечера што ќе се одржи во сабота, на којашто ќе појават поранешниот прв светски рекет Борис Бекер, поранешниот НБА кошаркар и олимписки шампион во 1996 и 2000 година, Гери Пејтон, италијанскиот оперски пејач Дарио Балзанели (ученик на славниот Лучијано Павароти) и други познати личности.Меѓународниот фестивал на кубанските пури, годинава е посветен на двете најпрестижни Montecristo и Partagаs, се одржува во кубанската престолнина Хавана од 26-ти февруари до 2-ри март. Привлече илјадници претставници на тутунската индустрија и експерти од 70 земји од светот кои ги посетија плантажите на најдобрите сорти тутун во светот во провинцијата Пинар-дел-Рио, учествуваа на конференцијата под мотото „Повеќе од 500 чекори од семе до чад“, експертски предавања на техники за изработување и виткање пури. Пурите Habanos, кои се продаваат во повеќе од 150 земји, станаа симбол на респектабилен животен стил и на висока статусна позиција во општеството.
Макфакс-На гостите на петнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на пурата, кој се одржува во кубанската престолни

Пронајдете не на следниве мрежи: